Гордиот Надал: Повторно ќе бидам на врвот!

Победникот на „Ролан Гарос“, шпанскиот тенисер Рафаел Надал најавува враќање на лидерското место на АТП листата.

- Ако продолжам во овој ритам можам да се вратам на врвот. Сите го посакуваат првото место. Сепак тоа во моментов не е мој приоритет, туку зацртана цел на подолг рок. На деветте турнири на кои настапив по повредата, освоив многу бодови и сум на вистинскиот пат. Останува така да продолжам до крајот на сезоната, изјави Надал. 

Во продолжение погледнете ја листата:

1. Новак Џоковиќ (Србија) 11.830 бодови, 
2. Енди Мареј (Велика Британија) 8.310, 
3. Рожер Федерер (Швајцарија) 7.640, 
4. Давид Ферер (Шпанија) 7.220.

најчитано сега