Киев ги распушти своите власти на истокот на Украина

 

 

 

       Украинскиот претседател Петро Порошенко нареди денеска укинување на сите јавни служби во регионите на истокот на земјата кои се под контрола на проруските сепаратисти.

Порошенко со декрет нареди на владата да ги преземе сите неопходни мерки за да се прекинат активностите „на претпријатијата, установите и државните организации во регионите каде во тек е антитерористичка операција“. 

Одлуката се однесува и на училиштата, болниците и службите за безбедност, појасни неименуван извор.

Распуштањето на официјалните власти е последица на непризнаените избори кои на 2 ноември ги одржаа проруските сепаратисти во делови на источна Украина

15.11.2014 - 15:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега