Мажот прегaзен кај Градска се бори за живот

 

Човекот кој предмалку беше прегазен кај Градската болница во центарот на Скопје се бори за живот.

 

Како што дознаваме, тој по пристигнувањето на Итната медицинска помош, бил однесен во ГОБ „8-ми Септември“ каде во тек е хируршка интервенција.

 

Повеќе детали за неговата сосотојба не се познати, а се уште нема информации за неговиот идентитет.

 

Од полицијата за Курир велат дека човекот бил удрен од автомобил.

15.11.2014 - 15:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа