Попоски: Не прифаќаме загрозување на македонскиот национален идентитет

 

Министерот за надворешни работи Никола Попоски ги демантираше дезинформациите и манипулациите околу спорот за името кој ни е наметнат од Република Грција, порачувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на уставното име, ниту идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот народ и македонскиот национален идентитет, засебност на македонската нација и македонскиот јазик и култура.

„Прво, во текстот г-дин Героски подвлекува извадок од документ кој бил наводно врачен од таен извор за да биде објавен во друг медиум, a извлекува од контекст реченица од интервју која била пренесена од трет медиум. Крајниот резултат е една безобзирна лага и манипулација која не соодветствува со реалноста и единствено цели кон омаловажување на позициите на Република Македонија кон ова стратешки битно прашање. Заложбата на г-дин Героски се разбира е крајно тенденциозна: креирање на лажен впечаток за тоа кој и колку ги штити националните интереси.
Второ, ставовите кои ги застапуваме во однос на овој наметнат спор се принципиелни и недвосмислени: 
- ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот, со цел промена на уставното име на Република Македонија.
- ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот народ и македонскиот национален идентитет, засебност на македонската нација и македонскиот јазик и култура.
- ВМРО-ДПМНЕ, како одговорна народна партија, нема да дозволи кое било решение за спорот кој го наметна Грција, да биде прифатено од страна на политичари поединци, влада или собрание, без претходно за тоа да се изјаснат македонските граѓани на референдум, а при тоа мнозинството од граѓаните кои ќе излезат на референдумот да се согласни со можното решение“, се вели во демантот од министерот Попоски, кој текстот објавен во Слободен печат и на Плусинфо го нарекува „тенденциозни лаги, напади и манипулации“.

15.11.2014 - 14:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега