Путин: Оланд и Русија да ги сведат на минимум ризиците за билатералните односи

 

     

   Русија и Франција треба да направат се што е можно за да се сведат на минимум ризиците и негативните последици од меѓународните тензии во билатерланите односи, порача денеска рускиот претседател Владимир Путин. 

На средбата со Путин, одржана на маргините на самитот на Г20 во Бризбејн, францускиот претседател Франсоа Оланд изрази увереност дека потресите во светската политика нема да траат уште долго. 

- Наша должност е, како што зборувавме во Нормандија, да сториме се што е можно за да ја решиме сегашната криза во Украина и во други делови од светот, рече Оланд.

- Ќе вложиме напори во таа насока и ќе продолжиме да го сториме тоа заедно со германскиот канцелар Ангела Меркел и претседателот на Украина, Петро Порошенко, додаде Оланд.

Тој истакна дека Франција е подготвена активно да учествува во тој процес, но под еден услов, а тоа е да бидат постигнати резултати. 

Францускиот лидер, кој на Путин му се обраќаше со „ти“ и со зборовите „почитуван Владимире“ се согласи дека односите меѓу Москва и Париз повеќе години се развивале добро. 

Путин се сретна и со италијанскиот премиер Матео Ренци, со кого разговараше за ситуацијата во Украина и изрази загриженост во врска со растечките тензии во југоисточниот дел на земјата, изјави портпаролот на шефот на руската држава, Дмитриј Песков.

15.11.2014 - 13:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега