Мирни протести за време на самитот на Г20
Стотици лица учествуваа денеска во мирните протести за време на самитот на Групата 20 најбогати земји во светот (Г20) во Бризбејн, во источна Австралија и покрај високите температури и и зајакнатото полициски присуство.
Демонстрантите носеа плакати протестирајќи против сиромаштијата и нееднаквноста.
Други демонстранти, кои минуваат низ околните квартови, се залагаа за борба против климатските промени и бараа решавање на украинската криза.
Полиција ги поздрави мирните протести, псоочувајќи дека извршила само три апсења. Едно лице е уапсено заради прескокнување на поставените барикади, додека другите две поради носење на забранети предмети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа