Гранатирање во Украина - загинати пет цивили

 

   

 Петмина цивили, од кои две деца загинаа во гранатирањето во источна Украина, изјавија локалните власти, додека Киев соопшти дека загинале уште тројца украински војници во изминатите 24 часа. 

Цивилите загинале синоќа во Горливка, северно од Доњецк, а во судирите се ранети 12 лица.

Уште тројца украинските војници загинаа во судирите во источна Украина, така што бројот на загинатите војници во изминатите 24 часа се зголеми на седум, додека десет војници се ранети, соопштија денеска украинските безбедносни власти

15.11.2014 - 12:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа