ФОТО: Збогум Пантиќ, погребан легендарниот актер

Легендарниот актер Никола Симиќ вчера во 14 часот беше погребан на градските гробишта во Белград. Неговото семејство, пријателите и колегите тивко и достоинствено се збогуваа од него.

 

Симиќ сите ќе го паметат по значајните театарски и филмски улоги. Една од нив е и улогата на Пантиќ во познатиот југословенски филм од 1982 година „Тесна кожа“.

 

Пред да биде испратен до вечното почивалиште во 12 часот во Југословенскиот драмски тетатар беше одржана и комеморација каде неговите колеги говореа за неговиот лик и делото.

На погребот присуствуваа и министрите за надворешни работи и туризам и телекомуникации на Србија, Ивица Дачиќ и Расим Љаиќ.

 

Додека го спуштале Симиќ во гробот неговата ќерка Ана цело време плачела, пренесува Ало.рс, додека сите останати ги сокривале болката и тагата и достоинствено го испратија нивниот сопруг, брат, пријател и колега.

Актерот Никола Симиќ почина во неделата на 9-ти ноември на 80-годишна возраст.

15.11.2014 - 11:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега