Уапсен скопски комарџија

 

Триесет и седумгодишниот Мухарем Е. од Скопје беше лишен од слобода од страна на СВР Скопје по судска наредба. Тој веќе некое време се барал за издржување на затворска казна во траење од педесет дена.

Мухарем се товари за сторено кривично дело „комар“, а истиот е спроведен во Полициската станица „Гази Баба“ за понатамошна постапка.

 

15.11.2014 - 11:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега