Општина Ѓорче Петров го одбележа Денот на ослободувањето
Со положување цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОАВМ денеска во општина Ѓорче Петров се одбележа Денот на ослободувањето - 14 ноември.
На свеченоста присуствуваа градоначалникот Сокол Митровски, претставници на Советот на општината Ѓорче Петров, делегации од АРМ, здруженијата на борци и пензионери, семејствата на бранителите од 2001 година, преставници од политичките партии, основните училишта и градинката, од јавни институции и граѓани од општината.
Градоначалникот Митровски потенцираше дека никогаш не треба да ги заборавиме оние кои ја напишаа македонската историја и ги положија своите животи за нашата и иднината на нашите поколенија.
Денеска се одбележуваат 70 години од ослободувањето на Ѓорче Петров.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа