Прва воена вежба на Србија и Русија
Припадници на српската армија и на вооружените сили на Руската Федерација денеска на полигонот во Никинци почнаа заедничка воена вежба „Срем 2014“.
Во воената вежба учествуваат вкупно 404 припадници на двете армии. Вежбата е посветена на елиминирање на терористи и ослободување на заложници.
Во вежбата учествуваат и авионите Иљушин-76, МиГ-29, хеликоптерите МИ-8, МИ-17, Газела, како и воени и полициски оклопни возила. За време на вежбата ќе се користи боева муниција.
Тоа е прва заедничка воена вежба на Србија и Русија
14.11.2014 - 14:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа