Цените на индустриските производители повисоки на месечно, пониски на годишно ниво

Продажните цени на производителите на индустриски производи во септември годинава се повисоки на месечно ниво за 0,4 отсто, а на годишно ниво се пониски за 2,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. 

Во септември 2014, во споредба со август 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во секторот Рударство и вадење камен се пониски за 1,3 отсто, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 0,5 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,4 отсто.

Во септември 2014, во споредба со септември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 5,3 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,0 отсто, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 3,7 отсто.

14.11.2014 - 14:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега