Попоски на средба со Бан Ки-Мун во Њујорк
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, од 10 до 12 јуни ќе престојува во работна посета на Њујорк, каде ќе учествува на одбележувањето на 20-годишнината од приемот на Република Македонија во Обединетите нации, информираат од Министерството за надворешни работи. Настан се организира заедно со уште четири држави кои истата година беа примени во светската организација - Андора, Монако, Словачка и Чешката Република,
Во рамки на престојот во Њујорк, предвидено е министерот Попоски да оствари средба со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, како и со администраторот на Програмата за развој на ОН, Хелен Кларк.
Во функција на промоција на кандидатурата на Република Македонија за членство на Советот на човекови права за периодот 2014-2016 година, министерот Попоски ќе има и средба со амбасадорите на земјите од Источно-европската група на ОН.
ФОТО: vmro-dpmne.org.mk