ФОТО: Кеба во улога на Мишо Ковач

Српкиот фолкер Драган Којиќ Кеба во емисијата „Твоето лице звучи познато“ доби нов предизвик, да влезе во кожата на Мишо Ковач.

- Мишо исклучително го почитувам како пејач. Неговите песни се евергрини, а неговиот најголем хит е „Остала си увек иста“. Дома го слушаме, а Оља го обожава, вели Кеба и додава: Жал ми е што не доаѓа во Белград, се надевам дека ќе дојде кога ќе ја види мојата видео имитација.

Тој помина се во животот, може еден роман да напише за тоа, има душа како океан.Неговите песни се сладок предизвик за секој пејач. Мислам дека ќе успеам одлично да го одглумам. Ние сме иста висина, но најтешко ми падна пеењето и носењето маска. Публиката ќе го даде својот суд, вели Кеба за српските медиуми.

14.11.2014 - 12:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега