Формула 1: Фетел крал на Бахреин

 

Германецот супериорно стигна до вториот триумф сезонава, во втората сезона по ред триумфираше во Бахреин, пред двоецот на Лотус Кими Раиконен и Роман Грожам. Необично е што поредокот кај првите тројца беше идентичен и минатата година. Четврт беше Ди Реста, а зад него се пласираа Хамилтон, Перез, Вебер, Алонсо, Розберг и Батон. 

 

Од самиот старт Розберг беше водечки, пред Алонсо, Фетел, Ди Реста, Маса и Сутил. Сепак Фетел веќе во првиот круг ја проби повторно втората позиција додека Сутил испадна на самиот старт по контактот со Маса. 

Фетел вршеше голем притисок на Розберг од вториот круг, но направи грешка при обидот за претегнување, што му овозможи на Алонсо да му се доближи, а возачите кои ги следеа беа многу блиску. 

На десет круга пред крај Фетел имаше десет секунди предност во однос на Раиконен, додека готово исто толку Ди Реста беше блиску зад Финецот. Зад нив следеле Грожан, Вебер, Хамилтон, Алонсо, Перез, Розберг и Батон. 

Грожан од круг за круг го стигнуваше возачот на Форс Индија, и му се доближи на седум круга поред крајот, а набрзо потоа и го претекна. Хамилтон во меѓувреме го престигна Вебер, кој не се предаде и ја врати позицијата во 53 круг. ОДовогодишниот шампионат на Ф1 продолжува со Големата награда на Шпанија на патеката „Каталуња“ на 12 мај. 

 

 

најчитано сега