Раст на француската економија за 0,3 отсто

 

 

Последните економски показатели покажуваат дека француската економија во третото тримесечие на годинава забележува економски раст од 0,3 отсто од ДБП,.

Ова е најголемиот економски раст во Франција од пролетта 2013, а министерот за финансии Мишел Сапан во соопштението за печатот оценува дека со ова се потврдуваат предвидувањата на владата за економски раст од 0,4 отсто во 2014.

Истовремено од другата страна на Рајна, германската економија забележала раст од само 0,1 отсто на БДП.

Растот на француската економија се должи на потрошувачката на домаќинствата, со намалувањето на цената на енергијата, пред се на нафтата и нафтените деривати, намалувањето на инфлацијацијата и на еврото. Но економскиот раст според Институтот за економски и статистички студии се должи пред се на јавната потрошувачка, односно трошоците на јавната администрација се зголемија за 0,8 отсто ова лето. Од своја страна Банката на Франција подвлекува дека се зголемува и побарувачката на кредити, што е позитивен елемент.

Но затоа пак, инвестициите се намалуваат, забележувајќи пад од 0,6 проценти.

14.11.2014 - 11:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега