Четири лица повредени во Рударско-топилничарскиот басен Бор

 

 

  Четири лица се повредени утринава, кога околу 4 часот, дошло до хаварија во Рударско-топилничарскиот басен Бор.

Несреќата се случила во фабриката за сулфурна киселина. Во неа дошло до експлозија во таканаречениот оддел „Дувалка“, јави РТС.

 

Еден од работниците е потешко поврден, а останатите тројца се здобиле со полесни повреди. Сите повредени се сместени во болницата во Бор.

Полицијата го заврши увидот на местото на несреќата и се очекува во текот на денот да излезе со повеќе детали за причината на несреќата.

14.11.2014 - 10:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега