Лекарите вџашени - починала и ја ставиле во мртовечница но...

 

Една 91-годишна жена од Полска ги изненади вработените во локалната мртовечница кога 11 часа откако беше прогласена за мртва, почнала да се движи.

Како што јавија полските медиуми, се работи за Јанина Колкјевич која пред една недела семејството ја пронајде дома без видливи знаци на живот, а за жал лекарите не можеле да направат ништо. 

Јанина, сепак, 11 часа подоцна се разбудила во ладилникот на мртовечницата  во источниот дел на Полска.

- Вџашена сум, не разбирам што се случи. Таа немаше пулс и не дишеше, вели докторката.

- Кога ја донесовме дома, рече дека се смрзнува и побара филџан топол чај, рече внуката. 

14.11.2014 - 09:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега