Федерер и Нишикори во полуфиналето на Мастерс купот

      Вториот тенисер на светот Рожер Федерер избори пласман во полуфиналето на Мастерс купот во Лондон со три победи откако синоќа беше убедлив во мечот со Енди Мареј. Федерер го совлада Мареј со 6:0 и 6:1 во сетови, а во еден момент беше и на чекор од победа без загубен гем, кој Мареј сепак успеа да го освои. Ова е вторпат Мареј да претрпи ваков пораз (Новак Ѓоковиќ во Мајами 2007 година).

Федерер како првопласиран од групата Б ќе го очекува вториот од групата А во утрешното полуфинале, додека Кеи Нишикори со две победи го освои второто место во групата и во полуфиналето ќе игра со првиот од А групата.

Во групата А денеска се играат мечевите: Новак Ѓоковиќ – Томаш Бердих и Марин Чилиќ – Стан Вавринка.

Ѓоковиќ со победа ќе биде прв во групата, но и сезоната 2014-та ќе ја заврши на првото место без разлика на резултатите до крајот на турнирот.

14.11.2014 - 09:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега