Шест турски полицајци се самоубиле од почетокот на протестите

Шест турски полицајци извршиле самоубиства од почетокот на протестите во државата, изјави шефот на полицискиот синдикат Фарук Сезер. 

Синдикалниот лидер појасни дека полицајци мобилизирани од други градови спијат врз штитовите заради недостиг од сместување што требало да го обезбедат државните власти.

– Насилството, кое го гледате, е резултат од насилството врз полицајците. Тие не само што се подложени на насилство од демонстрантите туку и од 120-часовниот режим на работа и неквалитетна храна, изјави тој.

 

најчитано сега