„Старецот премногу смрдеше морав да го исфрлам“- ова е насилникот од трамвајот

Осомничениот Стефан Ѓикановиќ признал дека тој е на снимката на која јасно се гледа дека кондуктерот го шутира 63-годишниот С. В. спречувајќи го да се качи во трамвајот со број 2 во Белград.

 

Но Стефан пред обвинителството тврдел дека не е виновен за нападот и дека навидото не се гледа се`. Раскажал дека наводно еден од патниците барал од него да го одалечи С. В. од трамвајот поради непријатната миризба.

 

- Кога му пријдов тој почна да ме навредува и да ме турка, па затоа изреагирав онака, тврдел Ѓикановиќ.

Во основниот суд во Белград велат дека барале судот да одреди притвор за осомничениот Ѓикановиќ до 30 дена за евентуално да не влијае на сведоците.

Планирано е да се сослушна и оштетениот С. В. и да се добие потребна медицинска документација за неговите повреди. Оштетениот С. В. го идентификувала полицијата како и двајца сведоци кои исто така ќе бидат повикани да дадат исказ во обвинителството.

 

 

Еден од сведоците е и момчето кое го снимило случувањето и кој сега претставува доказ, поготово по потврдата на осомничениот дека е тој од видеото.

14.11.2014 - 09:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега