Јоце Панов го освојува Балканот
Македонскиот пејач Јоце Панов во соработка со Сити Рекордс во среда ќе го промовира својот втор студиски албум на српско-хрватски јазик „Ватрени печати“ во Црна Гора. Албумот содржи 14 нови и пет бонус песни, а може да се набави во сите поголеми музички продавници низ Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Промоцијата ќе започне во 20 часот во Клуб Велвет во Подгорица. Покрај албумот, присутните ќе можат да го погледнат видео записот за темата „Зовем те мила“ и премиерно да ја слушнат најновата песна „Боли ме твој додир“ со која нашиот пејач Јоце Панов ќе се претстави на реномираниот фестивал „Сунчане Скале 2013“.
Промоцијата во Црна Гора е втора по ред од кампањата насловена „Ватрени печати“ со која се промовира вториот албум на Јоце Панов низ земјите на поранешна Југославија. Кампањата ќе се заокружи во септември со голема елитна промоција во Хрватска.