Школото заврши - голема журка вечерва во Градскиот парк

На Школка во Градски парк вечерва ќе има музички настан „Школото заврши“, на кој ќе настапат повеќе  музичари и диџеи. Концертот се одржува по втор пат, организатор е „Баги комуникации“, а покровител Град Скопје.

Иако календарски денеска е крајот на учебната година, во повеќето училишта низ Македонија таа заврши во петокот.

Новина во 2012/2013 беше неколку години одложуваното екстерно тестирање, од кое резултатите се очекуваат идната седмица.

Полуматурантите се подготуваат за запишување во средните училишта - во јунскиот уписен рок ќе има две пријавувања, првото е на 24-ти и 25 јуни, а второто на 1-ви и 2 јули.

Матурантите, пак,  полагаат државна матура (8-ми и 11 јуни) од која зависи запишувањето на факултет. Првиот уписен рок на високообразовните установи е на 15-ти и 16 август.