Ареомитинг на Денот на воздухопловната бригада на АРМ
Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе биде одбележан Денот на воздухопловната бригада на Армијата на Република Македонија.
Во касарната и на воениот дел од аеродромот „Александар Велики“ ќе биде одржан аеромитинг на кој, покрај воздухопловите на бригадата, ќе учествуваат и воздухоплови на Центарот за обука на пилоти, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување и на аероклубовите од Битола и Штип. Ќе бидат прикажани и други атрактивни содржини од припадниците за специјални намени кои се дел од воздухопловната бригада на АРМ.
На свеченоста ќе присуствува делегација од Министерството за одбрана предводена од министерот Талат Џафери и од Генерашлшработ на АРМ, предводена од заменик-началникот на ГШ Насер Сејдини.
Во 1992 е формирана Команда на военото воздухопловство и противвоздушната одбрана на АРМ, во чиј состав влезе и воздухопловната бригада со авијациски, транспортен и борбен хеликоптерски сквадрон.
ФОТО: Дневник