ВИДЕО: Се родија држејќи се за рака- по 6 месеци се уште се неразделни
Близначките Џена и Џилијан Тистлтвајт се родија во мај оваа година, држајќи се за рака. Тие и денес, по шест месеци се држат за рака, бидејќи така се чувстуваат посигурно.
Девојчињата, кои се моно-моно близначки, добро напредуваат.
- Џилијан е пониска од сестра си, има мали точки над левото око – изјави таткото Бил.
Близначките се родени во 33. недела, а мајката Сара морала да мине два месеци во болница пред да ги роди. Бебињата ја делеле плацентата и таква бременост се случува еднаш во 10 илјади случаи. Оваа бременост била криела опасност да се вплетка папочната врвка и ризик едното бебе да прима помалку храна од другото.
За среќа, девојчињата се родени здрави. Со нив најмногу ужива нивниот брат Џексон, кој има 15 месеци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа