Рама: Со мојата посета на Србија го скршимве повеќе деценискиот мраз

 

Посетата на Србија е историска. Со неа го скршимве повеќе деценискиот мраз, но за вистинско пријателство потребно е подолго време.

Ова е оценката на албанскиот премиер Еди Рама изнесена на попладневната средба со новинарите во Тирана, посветена на посетата на Србија, која како што нагласи, ги остварила своите цели.

- Ние отидовме во Белград со подадена рака за пријателство и денес сме многу поблиски. Сепак потребно ни е подолго време за сериозно партнерство и соработка. Оваа нова клима е во интерес на новите генерации да живеат во мир и никогаш да не ги преживуваат траумите од периодот на војни и конфилкти меѓу Албанците и Србите на Балканот, рече Рама

На новинарско прашање дали му дал збор на српскиот премиер Александар Вучиќ да не зборува за Косово и не го одржал, Рама во неговиот препознатлив стил „не му дадов збор, бидејќи зборот – беса во Србија не е позната концепција“. Според Рама, во врска со Косово, во Белград ја кажал само вистината.

Тој рече дека се чувствува многу горд што бил и меѓу Албанците во Прешево, каде ветил дека Тирана ќе продолжи и понатаму да ги подржува Албанците, каде и да живеат и ќе бара тие да ги имаат сите права кои им припаѓаат, а пак при престојот во Косово каде на минување за Албанија ручаше со владини претставници предводени од шефот на дипломатијата, Енвер Хоџај, како што опиша, од радост и задоволство, „срцето му се претворило во планина“.

Премиерот Рама соопшти дека го поканил спрскиот холега Вучиќ да дојде во посета на Албанија, а потврдил дека „нема никаква пречка“ да не учествува на самиот на премиери кој набрзо ќе се одржи во Белград. 

12.11.2014 - 17:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега