ЕК задоволна од македонските реформи на администрацијата

Министерот за информатичко општество и јадминистрација, Иво Ивановски, присуствуваше на конференција за реформи на администрацијата во Брисел, што за земјите од Западен Балкан ја организира новиот комесар за соседство и преговори за проширување, Јоханес Хан, јавува дописникот на МИА од Брисел.
 
Напредокот во административните реформи, како резултат на новите закони за јавна администрација во Македонија, односно нулта политизација на админситрацијата беа главна тема на денешната конференција.
 
Пред конференцијата, македонскиот министер Ивановски оствари средба со директорката на Б-директоратот во ДГ за проширување при Еворпската комисија, Александра Кас-Грање.
 
- Со Кас-Грање разговаравме за напредокот што го има постигнато Република Македонија во однос на реформите на јавната администрација и за напредокот во однос на медиумите. Со законите кои стапуваат на сила во февруари 2015 година, можевме детално да продискутираме за тоа кои се мерки се превземаат за деполитизаицја на админситрацијата и за креирање на ефикасна, стручна и транспарентна администрација. Од страна на Кас-Грање беше искажано задоволство во однос на тоа што Владата на Република Македонија го прави во насока на медиумите и во насока на реформата на администрацијата, истакна министерот Ивановски во изјава за МИА по средбата.
12.11.2014 - 16:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега