Ерменски хелихоптер соборен од вооружени сили на Авганистан

 

 

Вооружените сили на Азербејџан соборија ерменски воен хеликоптер Ми-24, соопшти Министерството за одбрана во Баку.

Во соопштението се истакнува дека хеликоптерот е соборен на 1.700 метри североисточно од селото Кенгерли во Агдамски Регион, откако зазел „напаѓачка позиција и нападнал азербејџански вооружени сили“.

Министерството за одбрана во Ереван соопшти дека армијата на Азербејџан соборила воен хеликоптер Ми-24 на Армијата за одбрана на Нагорно Карабах.

Според Министерството, инцидентот се случил над границата меѓу Азербејџан и Нагорно Карабах.

Трите члена од екипажот најверојатно се загинати.

12.11.2014 - 16:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега