ИСИС воведува своја валута
Лидерите на терористичката организација ИД, во свое обраќање до верниците во Ирак, најавиле дека планираат да воведат сопствена валута во териториите кои тие ги контролираат. Платежното средство ќе бидат монети - динари, од злато и сребро, кои на тие простори се користеле од 7 век.
Целта на воведувањето на валутата би требало да биде обид да се зацврсти исламскиот калифат.
Планот, како што пренесува Дејли Мејл, е џихадистите да го вратат во оптек динарот како древна исламска валута.
Некогашниот динар бил изработен од чисто злато или сребро, а пари со тоа име се користат и денес во неколку земји, меѓу кои и Србија.
ИД сакаат да ги вратат оние оригинални динари кои прв пат се користеле 634 година, за време на калифатот на Утман, ученик на пророкот Мухамед.
Минатиот месец беше објавено дека Исламската држава заработува по милион долари на ден од продажба на нафта на црниот пазар и брзо акумулира пари.
Покрај тоа, екстремистите добиваат по неколку милиони долари месечно од богати донатори ширум светот, а пари собираат и од рекетирање и други криминални активности.
Оваа година џихадистите добиле 20 милиони долари само за откуп на неколку заложници кои ги ослободиле.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа