Најбогата терористичка организација е исламистичката организација "ИД"
Исламистичката групација Исламска држава е на врвот на листата најбогати терористички организации.
Според списанието ИД има годишен приход од околу два милиони долари, со што е далеку зад нејзините конкуренти.
Главните приходи на групацијата доаѓаат од продажбата на нафтени деривати на црниот пазар од наоѓалиштата во Сирија и Ирак, кои се под нејзина контрола.
Според претходните извештаи на медиумите секојдневната заработувачка на ИД од незаконската продажба на нафта изнесува два милиони долари.
Цената на нафтата, која ја нуди ИД се движи меѓу 25 и 50 долари за барел, а дневно екстремистите добиваат околу 30 илјади барели.
На второ место на листата е палестинското движење Хамас со годишен приход од една милијарда долари, кои доаѓаат претежно од финансирање од државите од Персискиот Залив, како и од добротворни организации и фондови.
Меѓу десетте најбогати терористички органзации се и либанската групација Хезболах, авганистанските талибанци, меѓународната организација Ал Каеда, сомалиската групација Ал Шабаб и нигериската Боко харам.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа