Ристовски за РСМ: Владините политики придонесоа многу во привлекувањето на странските инвеститори

Македонската Влада со своите политики направи многу во привлекувањето на странските инвеститори. Ефикасно законодавство, поедноставени процедури за основање на компанија, ефикасен катастар, судство и институции, добра инфраструктура и високо образован кадар, посочи директорот на европската бизнис асоцијација Димитар Ристовски за време на неговото гостување во емисијата Индекс на Радио Слободна Македонија.

Според Ристовски, Владата со своите политики во голема мера го олеснува и бизнисот на домашните компании.

- Но, таа рамка која се очекува и е поставена со владините политики, е одлична основа компаниите да ја искористат во насока на зголемување на производството и пласман на странските пазари. Компаниите не треба да чекаат владата да им обезбеди извоз. Потребна е едукација на менаџери, вели Ристовски, а тоа ЕБА го овозможува соочувајќи ги домашните со странските менаџери.

Целото гостување на директорот на европската бизнис асоцијација Димитар Ристовски на Радио Слободна Македонија погледнете го во продолжение.

12.11.2014 - 15:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега