Триесет дена притвор за монструмот од Кавадарци

 

Осомничениот за трикратното убиство во Кавадарци, 40-годишниот Т.С. е изведен пред надлежен јавен обвинител и му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена. 

На прес-конференција портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска денеска потсети дека осомничениот беше приведен вчера во 11 часот и 30 минути во близина на Градските гробишта во Кавадарци. Според неа, по претходно добиени оперативни сознанија бил извршен претрес на терен на северната страна на градските гробишта во Кавадарци, при што Т.С. бил забележан од полициските службеници на оддалеченост од околу 20 метри.

- Издадена му е наредба да застане, но тој извадил пиштол и цело време го држел во десната рака со цевката надолу кон земјата. Повторно му е издадена наредба да застане, но ја одбил и се дал во бегство, по што од страна на полициски службеници испукани се неколку предупредувачки истрели во воздух. Осомничениот продолжил да бега низ околните улици, но повторно влегол во градските гробишта каде е обиколен од повеќе полициски службеници. По кратко убедување го спуштил пиштолот и од страна на полициските службеници е лишен од слобода, појасни Стојковска.

По извршениот разговор со осомничениот во Полициската станица - Кавадарци, таа посочи дека било утврдено дека на во неделата околу 16 часот осомничениот се упатил во куќата на родителите на неговата сопруга со која се во бракоразводна постапка и по кратка расправија со сега починатата Билјана Л. и Снежана Л., со пиштол кој го носел со себе испукал по еден куршум во пределот на градите.

- Потоа, се качил на спратот од куќата каде бил Илија Л. во кој испукал еден куршум во пределот на градите, по што го напуштил местото. Од здобиените повреди на лице место починале сопружниците Билјана Л. и Илија Л., додека нивната ќерка Снежана Л. им подлегнала на повредите во Општа болница Кавадарци, истакна Стојковска.

Осомничениот претходно бил пријавуван за „насилство“, „телесна повреда“ и „одземање малолетник“.

12.11.2014 - 14:14
Фото: 
вести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега