Тажно: Преку Интернет дознал за смртта на својот двегодишен син
Двегодишниот Александар Станковиќ од Хртковац кај Рума кој завчера околу 11 часот трагично загина, откако на него налета камион „волво“, пред да биде прегазен неколкупати истрчувал на улица, пуштајќи ја раката на неговата мајка, јавува српски Курир.
До трагедијата дошло кога детето истрчало на улица пред очите на мајката Јасна и бабата Милка Станковиќ.
Мештаните за српски Курир изјваиле дека не можат да ја извадат страшната слика од глава кога мајката очајно викала на цел глас над телото на нејзиниот 2-годишен син.
Во домот на семејствто Станковиќ сите се завиени во црно, чекајќи да го донесат телото на детето.
Таткото на Александар кој бил на привремена работа во Австрија за смртта на неговото дете дознал преку интернет и веднаш се вратил во Србија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа