Време: Пеколни 34 степени и дожд

 Времето во Македонија во претпладните часови ќе биде сончево со умерена облачност.

Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на некои места во форма на краткотрајно невреме.

Температурата ќе се движи од 26 до 34 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 31 степен.