Уметничка слика за министерката за култура од Форстнер

 

Културата и животните услови на народот на Балканот во време на Првата светска војна се инспирацијата за сликите на австрискиот уметник Леополд Форстнер. Дел од неговата уметнички дела беа поставени вчера на изложбата што во чест на македонско-австриската културна соработка, во Македонската Опера и Балет.  Во рамки на изложбата, салонски концерт одржа пијанистката и амбасадорот на култура на Р. Македонија во Р. Австрија, г-а Елена Мисиркова.

Изложбата и концертот се иницирани од историчарот од Институтот за истражување на последиците од Првата светска војна „Лудвиг Болтцман“ во Виена, кураторот г-дин Кристоф Бенедиктер и од Амбасадорот на култура на Македонија во Австрија, г-а Елена Мисиркова, а е под покровителство на ЕВН Македонија и на Австриската амбасада.

На свечетноста меѓу видните гости беше и министерката за Култура Елизабета Канечска Милеска која на подарок доби слика од внукот на Леополд Форстнер.

Австрискиот автор Леополд Форстнер (1878- 1936)  е еден од најзначајните т.н. материјални сликари и мозаичари, кој е современик на Густав Климт и Јозеф Хофман, и кој за време на Првата светска војна, како офицер на Империјалната војска на Австро-унгарската монархија, бил стациониран во Охрид, во Македонија. Фасцинантно е што голем број од цртежите од тој период, претставуваат единствено сведоштво од овој вид и се своевиден документ за духот на времето и за животната култура на населението, бидејќи во нив се забележани обичаите, архитектурата, народните и градските носии на  населението од регионот.  

најчитано сега