Шешељ: Ма какво лечење - веднаш се фрлам на политика
На белградскиот аеродром „Никола Тесла" денеска после 11 часот почнаа да се собираат приврзаниците на Српската радикална странка за да го дочекаат нивниот лидер Воислав Шешељ кој после 12 часот и 30 минути треба да пристигне со редовен лет од Холандија. Насобраните носат партиски знамиња, маици и беџеви со ликот на Шешељ, а организирано е и обезбедување.
Присутни се и голем број странски и домашни новинарски екипи, а функционерот на СРС, Милорад Мирчиќ наведе дека Шешељ ќе се обрати пред присутните. Лидерот на српските радикали помина 12 години во притвор. Во меѓувреме излезе првата ексклузивна фотографија на српски Блиц од авионот во кој Шешељ патува за Белград.
Според Блиц.рс, Воислав Шешељ се качил во авион за Белград а во Србија треба да стигне по 13 часот. Предупредувајќи дека се враќа во Србија за да се одмазди, Шешељ изјави и дека владата на Србија не ги почитува неговите желби како и дека нема да работи, ниту пак да се ракува со предавници.
-Ме чека стол во партијата. Одма се фрлам на политиката. Се радувам и со нетрпение го чекав овој миг. Политиката ми е приоритет, па потоа ќе одам на лекување. Имам две метастази, но не е толку лошо колку што мислите, изјавил лидерот на Српската радикална партија. Очигледно е дека Шешељ не размислува дека може да има проблеми со Хашкиот суд кој му го забрани политичкото делување на лидерот на Српската радикална партија и тоа како еден од условите за слобода.
Заминување на Шешељ во Хаг
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа