Исчезна тригодишно детенце од Штип - семејството моли за помош
Семејство во Штип е во паника откако исчезна нивното тригодишно детенце. Се работи за тригодишниот Чинар Сулејманов за кој таткото Амди Синанов пријавил дека вчера околу 8 часот излегол од домот и се упатил кон неговиот дедо, но откако заминал од куќата на неговиот дедо, од него нема ниту трага ниту глас.
Детето е облечено во сина јакна и фармерки, и со оглед на возраста не знае добро да зборува. Доколку некој види три годишно детенце како оди по улиците, од семејството молат веднаш да пријави во полиција.
Во текот на ноќта роднините и полицијата ги пребарале улиците на Штип, но и околните населби околу градот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа