„Не приближувајте се, ќе пукам“ - убиецот од Кавадарци на распит во велешкиот суд

 

 

Осомничениот за трикратното убиство во Кавадарци, е на пат кон велешкиот суд каде треба да почне распитот за мотивите поради кои ги уби најблиските роднини на својата сопруг, објави Канал5.

Осомничениот Тони Станоев беше уапсен на градските гробишта, каде што неофицијално, дошол да ја убие сопругата мислејќи дека вчера  ќе се одржи семејниот погреб. Кога полицијата трчала по него постојано викал „не приближувајте се, ќе пукам“.

Убиецот немал каде да бега бидејќи бил опколен од сите страни па и се предал на полицијата.

 

12.11.2014 - 12:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега