„Алфите“ во акција - приведени 346 лица

 

 

Припадниците на Единицата за борба против криминалот „Алфа“ во текот на мај годинава извршиле легитимирање на 801 лица, прегледи на 66 патнички моторни возила, а по разни основи привеле 346 лица.

Како што соопшти денеска МВР, по основ на телеграма приведени се 51 лице, по основ на потраги, гласник, наредба од Основен суд 29 лица,  под сомнение за извршено кривично дело 70 лица, а за извршено кривично дело 24 лица. На лице место во вршење кривично дело се фатени и приведени 10 лица, за издржување казна затвор – петмина, за утврдување идентитет – едно лице, 10 лица странски државјани со нерегулиран престој и шест лица за држење недозволени предмети.

За нарушување на јавниот ред и мир приведени се 53 лица, за поседување оружје 3 лица, а за поседување опојни дроги 57 лица.

Алфите асистирале при вршење претрес и на 28 домови. 

најчитано сега