Малолетници ги пустошеле Кисела Вода и Центар

Г.С. (21) како и двајца малолетници од 14 и 13 годишна возраст кои се штитеници на ЈУЗКП „25 Мај“ - Скопје си заработија кривични пријави за извршени тешки кражби кои ги извршиле во периодот од ноември минатата до мај оваа година во скопските населби Кисела Вода и Центар.

Тројцата скопјани извршиле 15 кривични дела од кои; три тешки кражби во станови, два обиди за тешки кражби во станови, една кражба во стан, две тешки кражби во ПМВ, две тешки кражби на моторцикли, четири тешки кражби во останати објекти (книжари и гаража), една кражба во куќа – кривични дела предвидени и казниви по чл.236 , 236/19 и 235 од КЗ на РМ.

Крадците провалувале во становите, куќите и книжарите и си присвојувале мобилни телефони, лап топ, пари, женски ташни, паричници, ранци, информираат од МВР.

Со двете деца од 14 и 13 годишна возраст  обавен е службен разговор во ЈУЗКП „25 Мај“ – Скопје во присуство на инспектор за малолетничка деликвенција и социјален работник од домот. По Г.С. е пронајден приведен и со него е обавен службен разговор во ПС “Кисела Вода“.

-Инаку, украдените предмети ги продавале на пазарот за стари работи лоциран на ул. “Лазар Личеновски“ на разни купувачи, потоа на Бит Пазар како и на лицето С.Б. (29) од ул. “Вашингтонска“, во чиј што дом со наредба од Истражен судија од ОСС 1 извршен е претрес и таму се пронајдени разни предмети кои потекнуваат од кривични дела : акумулатори, лап топ, касетофони, велосипеди и др. Заработените пари  ги  користеле за  купување на  дрога како и други свои потреби. Отсекот  за тешки кражби при СВР Скопје работи на расчистување и на други кривични дела  тешки кражби,  кражби во станови , куќи  и  ПМВ со истите сторители, а по целосно расчистување и документирање на кривичните дела од страна на СВР-Скопје  ќе биде поднесена  соодветна кривична пријава, стои во соопштението на МВР.

 

Г.С. и двајцата малолетници и се веќе познати на полицијата.