Се судрија „Југо“ и „Голф“ - млад прилепчанец настрада во страотна сообраќајка

Рано утринава во 4:45 часот, се случила сообраќајна незгода на регионалниот пат Битола, пред мостот во село Тополчани.

Од МВР информираат дека во несреќата учестувавале „Голф“ со битолски регистерски ознаки, управуван од 36 годишниот битолчанец Н.М. и „Југо 55 Корал“ со прилепски регистерски ознаки, управувано 27 годишниот прилепчанец Рубин Р.

Во несреќата, на лице место починал младиот Рубин. Надлежните екипи извршиле увид на местото на настанот. 

најчитано сега