Италија зафатена од големи поројни дождови

 

Неколку реони во близина на градот Џенова, во италијанската област Лигурија, се отсечени од светот поради поплавените патишта како резултат на поројните дождови. 

Спасувачки екипи се во потрага по две лица, кои исчезнале откако нивниот дом бил затрупан при лизгање на земјиште.

Дождот предизвикал оштетување на водоводот во градот Кјавари, поради што жителите останале без вода за пиење.

Локалните власти соопштија дека за справување со последиците од поплавите во Лигурија била ангажирана војската.

Во северниот дел на областа Пиемонт нивото на реките продолжува да се зголемува.

На островот Сардинија има проблем со железничкиот сообраќај, а во Каљари има застој во работата на аеродромот. Во Парма е прогласена опасност од нови поплави.

11.11.2014 - 14:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега