Масовна тепачка во средното ЕМУЦ во Скопје - со татко му и чичко му ги тепал класниот и професорите
Ученик со својот татко и чичко се степал со класниот и уше неколку професори во училиштето 8 Септември, поранешен ЕМУЦ во населбата Автокоманда во Скопје.
Како што дознава Press24 денеска околу 11:30 часот во СДУ-8 Септември, каде има неколку паралелки од ДСУ„Владо Тасевски“ од албанска националност, настанала тепачка помеѓу ученикот С.Б., неговиот татко и неговиот чичко, од една страна и од друга страна класниот професор М.А. и неколку други професори.
Од полицијата го потврдуваат случајот и велат дека се преземаат мерки за негово расчистување.
Нема информации од кои причини избила тепачката
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа