Како реагираат мажите кога жена плаче
Погледот на жена која плаче, не предизвикува страст кај мажите и не само поради емоциите, туку и поради хемиската реакција на солзите поради која жените не изгледаат привлечно.
Иако мажите тоа не го разбираат свесно, но погледот на женските солзи ја гаси возбудата кај мажите и ја буди тагата кај нив. Истражувањето опфатило 20 мажи и 20 жени. Една групаод жените навистина плачеле, а на другите им била ставена солена вода. И покрај тоа што мажите не знаеле за лажните солзи, тие реагирале само на оние вистинските. Во друштво на такви жени, во нивното тело се намалува нивото на тестостерот и ја снемува возбудата.
Поради намаленото ниво на тестостерон кај мажите кога ќевидат женски солзи тие се понежни кон жените, бидејќи во таквите моменти тоа и е потребно на секоја жена. Накратко, вистинските женски солзи, ја намалуваат возбудата кај мажите, но не и сочувството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа