Грчката крајбрежна стража спаси над 50 имигранти

Грчката крајбрежна стража денеска во водите на Егејско Море спаси 52 имигранти, меѓу кои имало и 32 жени и деца, пренесе ДПА.

Имигрантите, кои пловеле со гумен чамец, се префрлени во центарот за сместување во градот Волос.

Сите 22 жени и 10 деца биле во добра здравствена состојба.

Полицијата не ја соопштува националноста на имигрантите, но голем дел од бегалците, кои во последно време пристигнуваат во Грција, доаѓаат од Сирија, каде веќе 3,5 години се води граѓанска војна. 

11.11.2014 - 13:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега