Паника во авион поради закана со бомба

Патник од Туркменистан предзвика паника во авион на „Туркиш ерлајнс“, заканувајќи се дека носи бомба, објави турската телевизија НТВ. 

Авионот се подготвувал да полета од Истанбул за Ашхабат, кога еден од патниците, се заканил дека носи бомба. 

Персоналот го информирал пилотот за заканата, по што била повикана полиција. Патникот одбил да биде претресен и насилно бил симнат од авионот.

По проверката се покажало дека станува збор за лажна закана. 

Патниците биле евакуирани и авионот целосно претресен, по што полетал за Ашхабат

11.11.2014 - 12:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега