Грција годинава очекува околу 23 милиони туристи
Грција годинава очекува бројот на странски туристи да достигне 23 милиони, што е раст од 15 проценти во однос на минатата година.
Во првите десет месеци од годината Грција ја посетиле над 14 милиони туристи, што во истиот период на 2013 година изнесувало 12 милиони.
Само во октомври грчкиот главен град Атина го посетиле над три милиони туристи, што е раст од 38,6 отсто, во однос на истиот месец 2013 година. Солун во октомври го посетиле над 1,4 милини туристи, што претставува раст од 25,2 проценти во однос на истиот месец минатата година.
Според грчките туроператори значителен раст на туристи годинава е забележан и на островите. Меѓу најпосетените се Миконос, Санторини, Скијатос, Самос, Закинтос, Крит, Кос, Родос и Кефалонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа