Рекордна посетеност на Press24

САмо неколку дена по четвртиот роденден, Press24 го регистрираше рекордот за оваа година. За 24 часа, Вашиот информативен портал забележа над 150 илјади посети, што е најголема посетеност од почетокот на годинава. Во текот на вчерашниот ден, нашите страни ги посетиле над 92 илјади уникатни корисници кои прегледале скоро 380 илјади страници. Секоја од посетите во просек траела над 4 минути што значи дека само вчера, сите читатели вкупно на Press24 поминале една година и речи си два месеци.

Press24 три мсеци по ред според мерењето на Gemius е најпопуларен македонски портал. Месечно, нашите информации стигаат до секој трет корисник на интернет во Македонија.

Извештајот според Google Analytics за вчерашниот ден можете да го погледнете тука

11.11.2014 - 10:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа