Турската полиција употреби солзавец против демонстрантите

Турската полиција употреби солзавец и водени топови за да ги растера околу петте илјади демонстранти, кои синоќа протестираа во центарот на Анкара. 

Полицијата интервенираше на плоштадот Кизилај против демонстрантите, кои го блокираа сообраќајот и одбија да се разотидат. Според извештаите на некои медиуми во протестите се повредени неколку лица.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вчера поворно ги повика демонстрантитре итно да ги прекинат протестите, но десетици илјади лица и натаму се наоѓаат на плоштадот Таксим во Истамбул. 

Илјадници фанови на ривалските фудбалски клубови „Фенербахче“, „Бешикташ“ и „Галатасарај“ ја оставија на настрана меѓусебата нетрпеливост и заеднички им се придружија на демонстрантите во Истанбул. 

Протестите во Турција почнаа кон крајот на минатиот месец поради плановите на Владата на централниот плоштад во Истанбул, да изгради трговски центар, да ја обнови отоманската касарна, но и да изгради други објекти, поради што е предвидено сечење на околу 600 дрвја во паркот Гези. По острите реакции на полицијата протестите се проширија и во други градови и се претворија во антивладини демонстрации, какви што во оваа земја не се видени со децении.

Во немирите загинаа три лица, а илјадници се повредени.

најчитано сега