Почина младиот актер, проблематичната ѕвезда од филмот „Сам дома“?!
Фејсбук страната, која ја објави веста, со брзина на светлината добила милион лајкови, а зборови на сочувство само се нижеа.
Актерот Меколни Калкин кој се прослави како дете играјќи ја главната улога во комедијата „Сам дома“ (1991), по втор пат за само неколку месеци стана жртва на иста измама: некој го прогласил за мртов, а веста е пренесена преку интернет.
За среќа, станува збор за лажна вест!
Како што јавуваат сајтовите Socialnewsdaily.com и Inquistr.com, веста за смртта на актерот (34) прво било објавена на сајт кој користи лажен идентитет.
Тој сајт MSNBC.website.com, кој нема никаква врска со регуларниот портал MSNBC.com, споделил како „хит вест“ дека Калкин бил пронајден мртов во својот стан во Менхетен.
Во овој извештај се тврдеше дека телото во петокот попладне според локалното време го пронашла полицијата, откако еден член од блиското семејство ја повикал да провери што е со Калкин.
Следеше вистинско цунами од твитови со изразување на сочувство.
Меѓутоа, Калкин никако не можел да биде мртов, бидејќи уште истата вечер кога наводно „умрел“ имал свирка во Њујорк со неговиот Пица андерграунд.
Овој актер, имаше толку проблеми со хероинот што неколку пати и медиумите објавува написи дека му остануваат уште неколку месеци живот, а минатиот април исто така лажно бил прогласен мртов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа